(Фото) Уапсена ќерка на македонски политичар на Миконос: Дилала дрога!

t

Познат инфлуенсерка од Македонија, ќерка на политичар е уапсена на Миконос за учество во криминална организација која дилала кокаин и марихуана во дискотеки на Миконос.

Во групата на Миконос, како што открива protothema.gr, покрај експлозивната 21-годишна русокоса, учествувал и 34-годишниот водач на скопскиот картел и неговата десна рака 35-годишник oд Скопје. Уапсен е и познат либански диџеј од добро ситуирано семејство, кој постојано живее во Атина, а во летните денови се сели во Миконос, тој купувал кокаин од скопската банда.

Искусните службеници на Миконос Секјурити успеаја, по информации, да стигнат до трагите на скопскиот картел. Според документите од случајот кои стигнаа до protothema.gr, полицијата извесно време ја следела бандата. Она што е јасно е дека бандата од Скопје имала различни улоги.

Конкретно, 34-годишникот како водечки член, по негова наредба и под негово водство, ги упатувал своите соучесници каде да ја чуваат дрогата, како и начинот на кој ќе ја направат достапна на пазарот како и наплатата од продажбата, додека 35-годишниот со помош на импресивната 21-годишен инфлуенсер, чиј татко е политичар од соседната земја, а мајка адвокатка, работеле на пронаоѓање клиенти.

За време на полициската акција, властите уапсиле и либански диџеј кој бил клиент на скопскиот картел за кокаин 36-годишниот жител на Атина, кој потекнува од добро ситуирано семејство и вообичаено летува на Миконос, поседувал 3,7 грама кокаин. Тој, всушност, во изјавата што ја дал во полиција тврдел дека дрогата ја набавил од криминалната група.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…