[Фото] Чудесниот остров на кој живеат шест пати повеќе мачки отколку луѓе, а на кучињата им е забранет пристап

t

Јапонскиот остров Ташироџима, познат и како островот на мачките, е вистинско кралство на овие животни. Ги има речиси шестпати повеќе од луѓето. Во 50-тите години на островот живееле приближно илјада луѓе, а денес тој број е десетпати помал, само стотина жители, главно постари.

За разлика од луѓето, популацијата на мачки не е во опаѓање, пишува „Јапан гуид“.

Донесени се на островот за да ловат глувци

Во 17 и 18 век главната индустрија на островот била производството на свила и луѓето чувале мачки за да ги заштитат гасениците и ларвите на свилената буба од глувци и стаорци. Ова е причината зошто тие биле донесени на островот. Кога престанало производството на свила, островјаните се занимавале со плетење и крпење рибарски мрежи, а мачките сепак уживале на островот.

Ветеринар ги посетува шест пати годишно
Се верувало дека носат среќа и дека е доволно луѓето да се соединат со мачки. Бојата на мачката тука не игра улога, па црните мачки се посреќни на ова место отколку на многу други. За тоа се грижи и ветеринарот, кој шестпати годишно го посетува островот и ги прегледува сите мачки.

Мачките станаа симбол на овој дел од Јапонија и слободно шетаат на улиците и се чини дека уживаат во вниманието што го добиваат од туристите што се фотографираат и си играат со нив. Сите се питоми и разгалени, што доволно говори за тоа колку се сакани.

Интересно е и тоа што на Ташироџима е забранет пристапот за кучињата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

[Фото] Чудесниот остров на кој живеат шест…

Јапонскиот остров Ташироџима, познат и како островот…

(Видео) Вака изгледа одење на работа во…

Во кинескиот Маунтин Сити, како што често…

(Видео) Мистериозен остров забранет за туристи: Дом…

Островот Северен Сентинел се наоѓа во Бенгалскиот…

Митева најави скок на платите во образованието…

Новата портпаролка на Владата, Марија Митева денеска…

Во првите три дена: Над 14.000 граѓани…

На веб страницата – vakcinacija.mk, каде пред…