(Фото) Шокантни слики: Како се случи сообраќајната несреќа на магистралниот пат Евзони
Шокантни се сликите од сообраќајната несреќа на магистралниот пат Атина-Евзони каде бројот на загинати изнесува четири лица.

Автобус се судрил со два автомобили, при што животот го загубиле четири лица, додека има и 49 повредени (првично беше соопштено дека има 24), од кои повеќето се со лесни повреди.

Загинатите, како и тешко повредените се од автомобилот кој се судрил со автобусот со српски регистарски таблички.

По судирот, возачот на автобусот изгубил контрола и паднал во канал, при што 24 од 81 патник се повредени и префрлени (повеќето превентивно) во болница во Кукуш.

Поконкретно, 13-те повредени се пренесени во Хипократ, 2 во болница во Гумениса и 33 во болница во Кукуш. Оние кои не се повредени се пренесени во болницата Ругуновец (Поликастро). Двајцата возачи останаа на местото на несреќата.

Шокантни се сликите од сообраќајната несреќа кои се појавија во јавноста, бидејќи возилото во кое се возеле трите жртви е целосно уништено, додека другиот автомобил кој учествувал во несреќата претрпел сериозни оштетувања, но за среќа неговите патници се во добра здравствена состојба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трагедија во Грција: Хеликоптер се урна во…
Хеликоптер се урна во морето во близина…
Силен земјотрес во Грција, туристи во паника…
Силен земјотрес од 5,2 степени според Рихтеровата…
Трагедија во Грција: Србинка се удави во…
Тешка трагедија го потресе грчкото летувалиште Сивири…
Грција најавува повисоки казни за возење пијани…
Грција наскоро ќе воведе построг закон за…
Драма во Грција: Србин спасил Македонец од…
Вистинската драма се одвивала во Грција кога…