(Фото) Шпицниот се шитна за газирана вода, толку од тврдите национални политики – Митко Јанчев го ажурираше членството во ВМРО-ДПМНЕ

t

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев го ажурираше своето членство на ВМРО-ДПМНЕ и се пофали на социјалните мрежи.

Очигледно партијата се „демократизира“ кога станува збор за тврдите национални политики имајќи ги во предвид ставовите на Јанчев во минатото.

Дали можеби треба да очекуваме да го ажурираат и членството оние кои во Собранието гласаа за промена на името?

На четири дена пред референдумот за промена на името Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, во емисијата „Отворено“ на 24 Вести искажа став дека Спогодбата од Преспа е прифатлива.

– Мене лично не ми е лагодно и не се чувствувам добро, но најлесно е да бидеш радикален за да добиеш пполитички поени на таа карта. Тешко ми е да менувам лични документи и документи за фирмата за да го заменам името. Во договорот стои дека јазикот и територијалниот интегритет се загарантирани, но јас не повикувам никого што да прави, туку кажувам што е добро а што не – рече тогаш единствениот градоначалник на урбана локална самоуправа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој пред камерите во даден момент не дозволи во општината да се прекрши Преспанскиот договор и им наложи на вработените да го користат името Република Северна Македонија.

Во даден момент градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, избран како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, на трибина зборуваше за тоа каков лидер сака да биде тој лично.

Тој побара неговиот став да не биде доживеан како навреда кон неговата партија, туку како негово лично мислење.

Дај боже сите да бидеме како Зоран Заев и да бидеме сите флексибилни и да можеме да работиме ќе бидеме како Швајцарија – порача Јанчев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тренчевска: Со ребалансот власта кратки од најранливите…

Наместо реални решенија, повисоки плати и грижа…

Мечки напаѓаат жители во тетовско

На социјалните мрежи почнаа да се појавуваат…

Акција во Скопје и Куманово: Уапсени се…

По повеќемесечна предистражна постапка на Основното јавно…

Кремљ: Во тек е разговор меѓу Путин…

Претседателите на Русија и САД, Владимир Путин…

Коцевски побара нови вработувања и повеќе пари…

Јавниот обвинител, Љупчо Коцевски, денеска пред Комисијата…