(Фото) Ѓоковиќ го прослави роденденот со публиката: Вие ми дадовте љубов, јас ви дадов победа!

t

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на сите времиња, го прослави својот роденден со 1.100-та победа во кариерата на првиот меч на турнирот во Женева и се заблагодари на публиката за пораките за поддршка.

Ѓоковиќ на својот роденден за првпат настапи на АТП турнирот и го победи Германецот Јаник Ханфман, по што доби торта од организаторите.
„Дефинитивно уникатна роденденска прослава. Добив многу љубов од сите вас и славев со победата. Љубов од тебе за мене, моја победа за тебе. Се гледаме повторно, истата канцеларија, само постар лик“, рече Ѓоковиќ.

„Задоволен сум од прикажаното ниво. Играв добро, освен последниот гем од првиот сет и првите три во вториот. Изненаден сум од поддршката и позитивната енергија што ја добив во последните два дена“.
Натпреварот беше прекинат и поради дожд, кој го вознемири Новак.
„Имаше некои проблеми во играта по дождот, но мојот ритам го најдов во вториот сет. Беше многу важно да се направи брејк при 1:3 во вториот сет. Имав неколку добри поени затоа што го принудив да изведе уште еден удар“.


Ѓоковиќ мечот го заврши во голем стил, со шест победи во низа.
„Во последните три натпревари одиграв на високо ниво. Прва победа овде, се е добро. За мене е важно да имам натпреварувачки натпревари за да добијам самодоверба за Ролан Гарос“, изјави Ѓоковиќ.
Новак веќе денеска ќе биде на теренот против подобриот од дуелот меѓу Талон Грикспор и Денис Шаповалов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓоковиќ со силна поддршка за српските фудбалери…

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, присуствува…

Новак Ѓоковиќ веќе е опериран, се надева…

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ утрово е опериран…

ЃОКОВИЌ ЌЕ ГО ОПЕРИРА КОЛЕНОТО И ГО…

Новак Ѓоковиќ ќе го оперира повреденото десно…

СПЕЦИЈАЛЦИ УПАДНАА НА ТРЕНИНГ НА НОВАК, ПРОВЕРУВААТ…

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ денеска игра…

Американски сенатор: Украина никогаш немаше да победи

Томи Тубервил, исто така, ја отфрли идејата…