(Фото) Ѓорѓиевски: Започнува изградба на паркинг на местото на дивата дeпонија кај „Мечкаров“

t

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека на местото на дивата депонија во близина на бензинската пумпа „Мечкаров“ ќе биде изграден паркинг за околу 60 возила.

„Како градоначалник, но и како жител на општина Кисела Вода, јас сум свесен за недостигот од простор за паркирање и за потребата од изнаоѓање на нови локации каде нашите жители ќе можат да ги оставаат своите возила, без да пречат едни на други. Покрај тоа што сериозно се зафативме сo претворање на дивите депонии во зелени паркови, еден дел од нив, ќе ги уредиме и како паркинзи“, соопшти Ѓорѓиевски.

Градоначалникот заедно со директорот на ЈП „Градски Паркинг“, Бојан Христовски присуствуваше на почетокот на градежните активности, каде се разгледаа и други можни решенија за изградба на паркинзи во Кислеа Вода.

„Ова беше и главната тема на која денес разговаравме со директорот на ЈП „Градски Паркинг“, Бојан Христовски со кој присуствувавме на почетокот на градежните активности. Со директорот Христовски имавме и работен состанок на кој ги разгледуваме сите можности околу изнаоѓање на нови локации за изградба на паркиралишта во општина Кисела Вода, како урбана заедница која постојано се модернизира и расте.“, вели Ѓорѓиевски.
Тој потсети дека неодамна беше изграден и паркинг простор за 60-тина возила и на улицата ,,Бранко Заревски” во населбата Драчево.
„И тука не застануваме, продолжуваме да ја менуваме нашата општина кон подобро. Чекор по чекор, Кисела Вода ќе биде модерна општина“, вели градоначалникот Ѓорѓиевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одлична вест: Водата за пиење во Скопје…

Водата во Скопје е безбедна и микробиолошки…

Дел од населбата 11 Октомври без вода

 Дел од корисниците од населбата 11 Октомври…

Хрватскиот министер за здравство по појавата на…

Откако едно лице претходно било хоспитализирано во…

Поради дефект без вода Драчево, Долно Лисиче,…

Регионалниот центар за управување со кризи на…

ОН велат дека децата во Газа пијат…

Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) денеска…