Објавено на:

(Фото) Ѓорѓиевски на терен: Во соработка со екипи на Град Скопје се расчистува свлечиште во Пинтија

t

На булеварот ,,Борис Трајковски” во населбата Пинтија, поради силното невреме кое го зафати овој дел на општината, падна голем потпорен ѕид кој е под надлежност на градот Скопје.

Веднаш после пријавите од нашите сограѓани излеговме на терен, а мобилизирани беа и екипите на јавните претпријатија на градот Скопје со цел заеднички да превенираме за да спречиме уште поголема катастрофа.

Првично ќе се делува на заштита на населението кое транзитира тука, односно ќе се затвори еден дел од булеварот, а потоа веднаш почнуваме со расчистување и санација на ѕидот.

Во наредните денови, сето ова ќе биде вратено не во првобитната состојба, туку во уште подобрена за да не ни се случуваат повеќе вакви работи и да го нарушуваат мирот, но и безбедноста на граѓаните.

Интервениравме и во 11 Октомври – бараки, таму го регулиравме избивањето на вода, во Припор исто така е регулирано, како и во Драчево, ситуацијата е воведена во нормала.

Тука сакам да истакнам и дека, во периодот што следи ќе биде извршена детална проверка на сите градби кои се направени во минатото, со цел да утврдиме дали можат да одговорат на временските неприлики кои и понатаму ќе се случуваат но и онаму каде што има потреба од дополнителни зафати да делуваме, затоа што безбедноста на моите сограѓани е приоритет.

Покрај тоа, сакам да најавам дека во наредниот период е бидат извршени детални контроли од инспекциските служби за квалитетот на изградба на потпорните ѕидови и на приватните парцели, особено онаму каде што теренот е стрмен.

Таму каде што ќе биде утврдено дека се направиле недостатоци при градењето од различни причини, во наредниот период ќе прецизираме како ќе постапиме.

Бурно ќе ја следиме состојбата цела вечер заедно со градските и комуналната служба на општината, а ги повикувам сите граѓани кои имаат каков било проблем, да се обратат.

За жал, не можеме да ги спречиме временските непогоди, но можеме да делуваме во иднина да не ни се случуваат вакви или поголеми штети, или не дај Боже – трагедии.

Исто така, ги повикувам органите на правдата детално да го испитаат начинот на кој се градени потпорните ѕидови.

Граѓаните на прво место, остануваме тука до целосно враќање во нормала на овој дел од Кисела Вода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Светлана Колариќ нов Претседател на Советот на…

Општина Кисела Вода доби нов Претседател на…

Ѓорѓиевски контpa урбаната мафиja: За Paсадник ќе…

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски,…