(Фото) Ѓорѓиевски: Остануваме на терен сѐ до нормализирање на целата ситуација
Невремето проследено со пороен дожд и град, кое попладнево го погоди Скопје, направи штета на повеќе места низ општина Кисела Вода, објави на Фејсбук градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.
На неколку локации силниот ветар однесе настрешници, гранки, откорна дрвја и делови од покриви и направи проблем во одвивањето на сообраќајот, но со екипите од општината веднаш излеговме на терен и интервенираме за надминување на проблемите.
Повикани се сите надлежни фирми со кои соработуваме, општинските тимови вршат увид и се реагира брзо, комуницираме и со службите на Градот и со граѓаните кои пријавуваат проблем, со цел штетите што поскоро да се санираат и состојбата да се нормализира.
Остануваме на терен сѐ до нормализирање на целата ситуација.
Стоиме на располагање доколку граѓаните кои имаат било каква потреба, Напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук.
ЛИНК од објавата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Силно невреме во Муртино, поплавени ниви и…
Силно невреме попладнево го погоди струмичкото село…
Невреме со силен дожд и град во…
Републичкиот завод за метеорологија на Србија издаде…
ТРАМП ГО УКИНА ОГРАНИЧУВАЊЕТО ЗА ВОДАТА ВО…
Откако со години се жалеше на тоа,…
АХВ со нови мерки за водата во…
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и…
Невремето прави хаос – падна дрво пред…
Големото невреме и град кои вечерва го…