(Фото) Ѓорѓиевски: Преку работилници, основците цртаат мапа на Кисела Вода по нивна мерка

t

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски заедно со здружението Кажи кога им овозможи на учениците да се запознаат со основите на концептот за обликување и трансформирање на јавните простори и да дадат свои идеи во уредувањето на општествениот простор кој е нивно соседство и го делат со останатите свои сожители.

Здружението КАЖИ КОГА во соработка со локалната самоуправа им овозможи на учениците да се запознаат со основите на концептот за обликување и трансформирање на јавните простори и да дадат свои идеи во уредувањето на општествениот простор кој е нивно соседство и го делат со останатите свои сожители.

По одржаната презентација од страна на архитект и социолог, преку дискусија и размена на лични мислења, минатата седмица учениците од ООУ „Круме Кепески“, а денес и основците од „Невена Георгиева Дуња“ графички дизајнираа своја проекција на зададена локација.

Следејќи ги актуелните случувања во општината и активностите кои во моментот течат за распишување на меѓународен конкурс за идеен изглед на Расадник, осмо и деветоодделенците преку своите цртежи дадоа свои идеи за содржините кои таму треба да се нудат.
„Интересно е што многу од тие размислувања се сосема издржани и се уште еден доказ дека и најмладите се спремни да ги идентификуваат клучните проблеми и потреби на живеењето. Следната работилницата за јавни простори, која Здружението КАЖИ КОГА Скопје ја спроведува во рамки на проектот „Наш град“, ќе се одржи во ОУ „Партенија Зографски“ во понеделник, а потоа и во другите основни училишта во општина Кисела Вода“, изјави Ѓорѓиевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одлична вест: Водата за пиење во Скопје…

Водата во Скопје е безбедна и микробиолошки…

Дел од населбата 11 Октомври без вода

 Дел од корисниците од населбата 11 Октомври…

Хрватскиот министер за здравство по појавата на…

Откако едно лице претходно било хоспитализирано во…

Поради дефект без вода Драчево, Долно Лисиче,…

Регионалниот центар за управување со кризи на…

ОН велат дека децата во Газа пијат…

Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) денеска…