Франција ги предупредува нејзините државјани да не патуваат во Косово
Министерството за надворешни работи на Франција денеска издаде предупредување до своите граѓани за патување на северот на Косово.
„Препорачуваме француските граѓани да не патуваат, дури ни транзитно, во четирите општини со српско мнозинство на северот на Косово (Зубин Поток, Лепосавиќ, Северна Митровица и Звечан) и да се држат настрана од какви било собири се додека сегашната тензиите траат. Локалните телефонски мрежи не се достапни во роаминг во овие северни општини и можноста на амбасадата да реагира во случај на потешкотии може да биде ограничена“, се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на Министерството.
Политички протести и верски прослави се планирани за 27 и 28 јуни во Грачаница, посочуваат од француското Министерство и додаваат дека сообраќајот на патот Приштина-Гњилане најверојатно од денеска ќе биде во прекин, па се препорачува да се патува по заобиколен пат.
Министерството препорачува и избегнување на собири во Грачаница и воопшто во српските средини.
„За преминување од Србија кон Косово, се препорачува да се користи главната гранична точка Мердаре (општина Подуево) или да се заобиколат преку соседните земји – Македонија и Црна Гора“, советуваат од Министерството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Франција го блокира пристапот до израелските штандови…
Франција го блокираше пристапот до штандовите на…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Францускиот МНР: Франција е решена да ја…
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…