Франција е најопасна земја во Европа, еве на кое место е Македонија!
Франција e најопасна земја во Европа, a Македонија е на 13-то место.
Податоците кои ги објави истражувачката компанија „Нумбео“ за порастот на насилството во Европа и светот открива кои држави се најбезбедни. Покрај реално мерливата стапка на криминал, се земаат предвид и субјективните согледувања. Се работи за грижа за упади, кражби или напади, а корупцијата и поткупот влијаеле на рангирањето на земјите на таа листа.
Зад Франција следуваат Белорусија, Белгија, Шведска и Италија. Во топ 10 листата се и Велика Британија, Украина, Грција, Ирска и Молдавија. Најбезбедни земји во Европа се Словенија, Естонија, Монако и Швајцарија.
Македонија е на 13-тото место по Албанија која е на 11 место и Босна и Херцеговина која е на 12 место. Србија е рангирана на 17 место, зад Русија и пред Германија, а Косово е на 14-тата позиција. Бугарија е на 19 место, Црна Гора на 21, Унгарија на 24, Романија на 26, Хрватска на 36 место.
На светски нови, најнебезбедна е Венецуела, а зад неа следуваат Папуа Нова Гвинеја, Авганистан, Хаити и Јужна Африка, а најбезбедна земја на планетата е Катар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нова драма во Франција: Евакуирана железничка станица
Железничката станица Сен-Шарл во Марсеј беше евакуирана…
Израел ја предупреди Франција за потенцијални терористички…
Израел денеска ја предупреди Франција за потенцијални…
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа
Во земјите од регионот денеска се активирани…
Левичарите во Франција го обвинија Макрон за…
Победниците на изборите од француската левичарска коалиција…