Франција е првиот финалист на Европското првенство

Репрезентацијата на Франција е првиот финалист на 16. Европско ракометно првенство, откако вечерва триумфираше во полуфиналето во Келн над бранителот на титулата Шведска со 34-30 (27-27) по продолжение.
Во драматичен натпревар полн со резултатски пресврти, актуелниот олимписки првак Франција имаше убедливи шест голови водство на полувреме (17-11), но Шведска испушти колосална предност од 27-25 во завршните две минути од регуларниот дел.
Французите во двете продолженија од по пет минути ја искористија психолошката предност и со три голови во серија поведоа со 30-27, а Швеѓаните беа немоќно повторно да се вратат резултатски во игра.
Уго Дескат со осум голови беше најефикасен во француската репрезентација, но херојот на Триколорите во полуфиналната драма во Келн беше Елохим Пранди, кој во последната секунда во регуларните 60 минути биеше прецизно од девет метри и го однесе натпреварот во продолжение.
За играч на натпреварот беше прогласен шведскиот голман Андреас Паличка кој запиша 15 одбрани,
Првото полуфинале меѓу Франција и Шведска го судеше македонскиот тандем Славе Николов и Ѓорги Начевски.
За Франција ова ќе биде прво европско финале по пауза од десет години во кое за противник ќе го има победникот од второто полуфинале кое е на програмата вечерва во Келн меѓу домаќинот Германија и Данска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лекорни: Франција ќе ја користи каматата од…
Франција ќе ја искористи каматата од замрзнатите…
Полска „сериозно разговара“ со Франција за да…
Полска ќе бара пристап до нуклеарно оружје…
Кремљ: Франција сака војна, не мир
Изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон за…
Франција ќе ѝ доставува разузнавачки информации на…
Франција денеска соопшти дека ќе продолжи да…
Рекордна заплена на речиси 10 тони кокаин…
Речиси 10 тони кокаин се запленети викендов…