Франција и Германија со мисија за спрeчување на kонфликт во Украина

t

Франција и Германија во дипломатска офанзива за да се спречи евентуален воен колфликт во Украина.. Со како што рече разумен оптимизам, но без да верува во спонтани чуда, францускиот претседател Емануел Макрон допатува во посета на Москва. На делот од средбата со рускиот колега Путин, отворен за медиуми, доминираа куртоазни пораки. Макрон ја истакна загриженоста на западните сојузници од евентауална ескалација во Украина, Путин ја нагласи посветеноста на Париз за разрешување на глобалните прашања.

-Имаме заеднички грижи околу европската безбедност и сакам да ви се заблагодарам за фактот дека Франција отсекогаш била многу активна во развојот на политичките одлуки во оваа област. Гледам колку напори вложува Франција и за решавање на украинската криза., вели Владимир Путин, претседател на Русија.

-Би ми било драго доколку најдеме колективен одговор и за Русија и за цела Европа. Корисен одговор што ќе ни овозможи да избегнеме војна и се разбира да изградиме стабилност, видливост и доверба за сите, изјави Емануел Макрон, претседател на Франција

Дали е постигнат напредок ќе се знае по затворениот дел од средбата по која е предвидена и пресконференција. Додека од другата страна на атлантикот, вечерва германскиот канцелар Олаф Шолц ќе се обиде со Бајден да изнајде решение за украинската криза. Вашингтон смета со над сто илјади трупи долж границата со Украина активирала 70 проценти од капацитетите потребни за инвазија.

-Веруваме дека има очигледна можност Путин да наложи напад врз Украина. Тоа може да се случи веќе утре или за неколку недели. Тоа ќе има огромна човечка цена за Украина, но во исто време, ќе има и стратешка цена за Путин. , вели Џеjк Саливен, советник за национална безбедност во Белата куќа

Макрон утре мисијата ја продолжува во Киев на средба со Зеленски. Главното барање на Русија е НАТО да престане да се шири и да распоредува воени системи близу нејзините граници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…

Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…

„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…

Првите Ф-16 пристигнаа во Украина

Првата серија американски ловци Ф-16 пристигна во…

Украинската амбасадорка се заблагодари за украинските граѓани…

Денеска во Министерството за внатрешни работи се…

(Видео) Нов украински напад на руска територија,…

Нападот со беспилотни летала изведен во текот…