Франција контра изјавите на Трамп за Гренланд: „ЕУ нема да трпи напади на нејзините граници“
Европската унија нема да дозволи други земји да ги напаѓаат нејзините суверени граници, рече францускиот министер за надворешни работи како одговор на коментарите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за преземање контрола врз Гренланд, автономна територија под контрола на Данска.
Трамп одби да отфрли воена или економска акција како дел од неговата отворена желба САД да ја преземат контролата врз Гренланд и Панамскиот канал.
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро изјави дека не верува дека САД ќе го нападнат огромниот арктички остров, кој е дел од Данска повеќе од 600 години.
„Очигледно не доаѓа предвид дека Европската унија ќе им дозволи на другите земји во светот да ги напаѓаат нивните суверени граници, кои и да се тие“, изјави тој за радиото Франс Интер.
„Ние сме силен континент“, додаде тој.
Изјавите на Трамп дополнително ја илустрираа неговата експанзионистичка агенда две недели пред неговата инаугурација на 20 јануари во Вашингтон.
„Ако ме прашате дали мислам дека САД ќе извршат инвазија, мојот одговор е „не“. Но, дали влеговме во период во кој станува збор за преживување на најсилните? Тогаш мојот одговор е „да““, рече Баро. .
Тој порача и дека Унијата не треба да дозволи да биде заплашена или претерано загрижена, туку да се разбуди и да се зајакне.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Франција контра изјавите на Трамп за Гренланд:…
Европската унија нема да дозволи други земји…
Трамп објави нова шокантна карта: Еве кои…
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп објави на…
Трудо: Канада нема да стане дел од…
Канадскиот премиер во заминување Џастин Трудо ја…
Маск: Дали Америка треба „да ја ослободи“…
Американскиот милијардер Илон Маск денеска на Твитер…
Бајден на заминување воведува нови санкции за…
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден планира…