Франција: Подготвуваме план ако САД тргнат кон Гренланд
Франција, заедно со европските партнери, работи на план за одговор во случај Соединетите Американски Држави да се обидат да го преземат Гренланд, изјави францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро.
Тој нагласи дека Европа сака да реагира координирано и заеднички, додавајќи дека темата ќе биде отворена на состанок со министрите за надворешни работи на Германија и Полска.
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја изнесе идејата за преземање контрола врз Гренланд, тврдејќи дека островот е стратешки важен за безбедноста на САД. Белата куќа соопшти дека се разгледуваат различни опции, вклучително и воени, иако тоа наиде на европски критики.
Баро изјави дека по разговор со американскиот државен секретар Марко Рубио, му било потврдено дека воена инвазија врз Гренланд не е опција. Данска и Гренланд порачаа дека островот не е на продажба и побараа итен дијалог со Вашингтон
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Франција: Подготвуваме план ако САД тргнат кон…
Франција, заедно со европските партнери, работи на…
Администрацијата на Трамп замрзна 10 милијарди долари…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп замрзна…
Франција и Велика Британија потврдиja испраќање војници…
Безбедносните гаранции за Украина, предвидени од „Коалицијата…
Министрите на Германија, Франција и Полска денеска…
Министрите за надворешни работи на Германија, Франција…
Снегот и мразот ја „парализираа“ Франција, откажани…
Снежните врнежи и мразот во Франција предизвикаа…