Французите на колена пред Словенија, Дончиќ одигра историски меч!

t

Селекцијата на Словенија ја победи и Франција, на Европското кошаркарско првенство, со 88-82 во дербито од 5. коло, со што го освои првото место во групата Б. Главен виновник за победата е Лука Дончиќ со перформанс, кој ќе остане запишан во историјата на Европските првенства.

Дончиќ го заврши мечот со неверојатни 47 поени, што претставува второ најдобро остварување на евро-шампионатите и најдобро од 1957 година наваму. Повеќе од него имал само Белгиецот Еди Терас во 1957 година, а Дончиќ има еден повеќе од легендарниот Грк, Никос Галис, во 1983. Ваквиот ефект Словенецот го најави уште во првото полувреме, кога постигна 27 поени, а на крајот на мечот додаде уште и седум скока и пет асистенции на својот ефект.

Франција водеше само во првиот период, а потоа Словенците презедоа со постојано иако кревко водство. Во последната четвртина имаа и плус 10, но на минута и 40 до крајот беше 82-82. Со два коша на Горан Драгиќ и еден на Чанчар се одлепија недостижно за триколорите. Словенија е прва во групата Б со девет бода, Франција има осум, но Германците допрва треба да играат со Унгарија, па ќе ја потиснат дури и да загубат, во теорија.

Порано во оваа група Литванија ја совлада БиХ, со 87-70 и го обезбеди четвртото место, кое ќе носи во осминафиналето.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дел од вработените на Клинички ќе паркираат…

Министерството за здравство во договор со компанијата…

Медведев до Трамп: Добро започнавте, честитки, господине…

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската…

И Германија го повика Иран да разговара…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го повикува Иран…

Кога имате ситуација директор на АНБ фалсификатор,…

Лојалност– награда – глупост Можеби ви изгледа…

Иранска опозиционерка: Време е Хамнеи да си…

Марјам Раџави, претседателка на опозицискиот Национален совет…