Францускиот предлог отвара спор меѓу Македонија и ЕУ: Бугарските барања стануваат европски

t

Демократскиот сојуз изразува сериозни резерви за францускиот предлог за деблокада на почетокот на преговорите за членство на Македонија во ЕУ затоа што, како што велалт од партијата, тој во суштина ги апсорбира националистичките и негаторските барања на Бугарија и билатералниот спор, преку преговарачката рамка, го претвора во спор помеѓу Македонија и Европската Унија.

„Според документите кои досега ги објавија медиумите, Предлог-преговарачката рамка за почеток на евроинтеграцискиот процес и предлог-заклучоците на Советот на Европската Унија, јасно е дека барањата на Бугарија стануваат дел од преговарачката рамка на ЕУ и од нивното исполнување ќе зависи нашиот напредок кон Европа. Тоа значи дека нашите евро-интеграции стануваат заложник на антимакедонските интереси во Софија, овојпат со европски печат.

Очигледно е дека предлогот е резултат на претходно усогласување на претставници на владите на Македонија и Бугарија, но фактот што постојат или се најавени повеќе документи кои се однесуваат на спорот, протоколи што треба да ги потпишат двете земји, како и Акциски план, кои треба во детали да опишат што се треба да направи Македонија, во суштина значи прифаќање нов договор, покрај постоечкиот Договор за добрососедство и пријателство, чие исполнување сега ќе го мониторира Европската Унија.

Со новиот договор на перфиден начин се оспорува македонскиот идентитет, историјата и јазикот и истовремено не се нудат гаранции дека Бугарија ќе престане да излегува со нови барања, уцени и блокади. Конечниот став ДС ќе го изгради по добивањето на интегралниот текст на предлогот и негова подлабинска анализа“, соопштуваат од партијата на Павле Трајанов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Утре е Петровден, задутре Павловден, се верува…

Утре, 12-ти јули е Петровден, а на…

ЕУ и САД исплашени: Заедничкиот настап на…

Неодамнешната заедничка изјава, усвоена од Русија и…

Вака се стабилизира Влада: Претседателот на огранокот…

Струмичкиот бизнисмен Столе Лазаров, сопственик на неколку…

Трајанов пак ја тpece Владата на Ковачевски:…

Помалите парламентарни партии кои се дел од…

Павле Трајанов повторно го тpece мнозинството: Од…

Заедно со другите помали партии одамна бараме…