ФРОНТЕКС ќе ги засили македонските граници: Средба Ковачевски-Шинас

t

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски, заедно со вицепремиерот Бојан Маричиќ и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, денеска се сретнаа со потпретседателот на Европската комисија Маргаритис Шинас, информираат од Владата.

Тема на состанокот беше зајакнувањето на капацитетите на земјата за надминување на предизвиците со илегалната миграција, но и скрининг процес што и претстои на земјата.

На состанокот беше истакнато дека Република Македонија останува посветена на управување на сите релевантни аспекти на надворешните миграции. Имајќи ги предвид миграциските текови и нивното влијание врз демографскиот и социо-економскиот развој, Република Македонија со години неуморно и посветено работи со цел успешно справување со миграциската криза.

Премиерот Ковачевски на состанокот посочи дека заедно со европски партнери како и други земји од Западен Балкан, успеавме, најдобро што можеме, да се справиме со миграцијата.

Од декември 2015 година па наваму на јужната граница континуирано се имплементира меѓународна заедничка операција во која учествуваат странски полициски службеници од 8 европски земји.

Со потпишувањето на Договорот со ФРОНТЕКС, кој се очекува да биде потпишан во најкраток временски рок, ќе се отвори можноста за распоредување на сили на ФРОНТЕКС на територијата на Република Македонија, што уште повеќе би придонело во поглед на успешното справување со нелегалната миграција.
 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пицула за БГНЕС: „Српскиот свет“ е опасен,…

„Српскиот свет“ е опасен. Местото на Западен…

Правда „засука ракави“: Изготвени дваесетина закони како…

Со новите измени на кривичниот законик ќе…

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Филипче од Атина: Македонија е заглавена со…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на меѓународна…

Фон дер Лајен предложи нов пакет санкции…

Во вторник, Европската комисија (ЕК) го предложи…