Фросина Ременски: Оладете глави, ниту еден од лицата со фантомки (грото познати на Вилма) не беше осуден за 27 април!

t

Фросина Ременски пред малку на Фејсбук објави нејзин став околу уфрлените провокатори и лица со фантомки на протестите против францускиот предлог.

Го пренесуваме статусот на Ременски во целост:

ФАНТОМ – ПАТРИОТИЗАМ❗

Инспорирана од ова јавно препукување за насилство на протестите пред да го дадам коментарот што го најавив за “свирачите кои дуваат во иста тиква”, ќе повторам дека, никогаш не сум поддржувала и не поддржувам насилство и говор на омраза од никого и за ништо❗

Или си против насилство или не си – независно кој го прави. Второ нема❗

Кога сме кај “фантомките”, “уфрлените”, “провокаторите” кои биле или се дел од протестите ќе Ве упатам да ја погледнете сликата на четата под фантомки направена неколку недели пред настаните од 27 Април во Собранието во 2017 година.

Групата ја сочинуваат поголем број на лица со различен безбедносен и професионален профил и со нив командуваат еден до двајца, кој пак се “верни до гроб” или пак, се на платен список на оној, за кој пред некој ден јавно прашав: “Дали сеуште стои на браникот на татковината❓” – бате Саше❗

Тој и оваа група/чета во 2017 година “се бореа” против “Тиранската платформа” и “клетите Шиптари” (читај – непредавање на власт, заради неодхоборност), а денес “се борат” против “Бугаризавија” и “клетите Б’лгари” (читај прекин на ЕУ преговори, првостеоено заради неодговорност).

Под фантомки и тогаш и денес❗

Зборував за тоа (во инсертите во прилог) во емисијата на Телма на 05.05.2017. Све је исто …

🚩Ниту еден од овие ликови (грото познати на другарка му Вилма) не беше осуден за насилствата од 27 април. Но, затоа имаше амнестирани или минимално осудени за “учество во толпа”❗

🚩 Можам да тврдам дека, најмалку еден од амнестираните под фантомка и денес, исто како во 2017 година предничи во создавање на атмосфера/амбиент/ситуации на насилство на овие законски дозволени протести. За што се бори тој и што очекува од протестите не знам (можеби втора амнестија), но знам дека:

🚩ПОД ФАНТОМКИ И СО НАСИЛСТВО НЕ СЕ БРАНИ ВРЕДНОСТ, ТУКУ СЕ ПРОМОВИРА НАСИЛСТВО И ЛИЦЕМЕРЕН ПАТРИОТИЗАМ❗

Зошто велам дека, целта на ова насилство што можат/ќе се катализира до настани слични на 27 Април (има многу индикатори за тоа) е бегање од ЕУ патот и одговорноста❓

Од причина што половина од оваа група под фантомки, но и без нив доброволно и индивидуално е бугаризирана многу одамна, а нивниот командант пак, има ДВА бугарски идентитета❗

Нешто слично како Неџби и Христо – бугарските азиланти во Грција.

Прашајте некого ако смеете да видам.

Правото на протест првенствено опфаќа идеја која се брани или изразување на незадоволство кон она што протестантите сметаат дека не се брани. И едното и другото не ја исклучува одговорност за безбедност “за” и “кон сите”.

По сите “филмови” што ги изгледав изминатите 20 години и онаа моја скромна струка/ука што ја градев 22 години во сферата на безбедноста ми дава за право да кажам дека, 🚩РЕНГЕНОТ на овие настани ме упатува на тиквата во која, заради избегнување на контрола и одговорност дуваат сите “свирачи” на кои устата им е полна македонштина, одбрана на јазикот … итн,. а од јазикот го говорат само делот за профитот❗

Кога пред неколку години лидерот на Левица во врска со случувања од 27 Април кажа дека, “некои прашања не заслужуваат одговори” (водејќи се од едно изборно мото на поранешна партиска колешка Радмила), сигурно не се надевал дека, одговорот на неговото денешно оградуваење од “фантомите на бате Саше” требал да го бара тогаш …, во некои од тие прашања.

На крајот на оваа тема, која деновиве го киднапира видикот за целта на протестите имам едно прашање:

“Дали фантомките и насилниците во минатото (27.04) и денес (2022) се “уставобранители” или се провокатори од групата на оние кои треба да одговараат за се’, а се борат да не одговараат за ништо, па затоа си избираат ЖРТВИ❓

#ОладетеГлави

#ПрстНаЧелоСите , напиша Ременски.

ЛИНК од објавата на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ