ФРЧАТ КАЗНИ: За брзо возење санкционирани 333 возачи
Во текот на вчерашниот ден (23.07.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 333 возачи. Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 219 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 114 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заедничким да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватска гради центар за радиоактивен отпад на…
Хрватскиот фонд за финансирање за отстранување на…
Над 13 илјади странци се вработени во…
Развојот на различните сектори на економијата и…
Апасиев до власта: Не одите уште долго…
*Објава на Фејсбук на пратеникот Димитар Апасиев:…
Поради високите температури, граѓаните да не излегуваат…
Од вчера до денес имаме пораст на…
СДСМ: Срамота е Мицкоски да зборуваш за…
Нема дно кое Мицкоски не може да…