Објавено на:

ФСБ: Спречен украински терористички напад со отровни материи

t

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска објави дека спречила терористички напад планиран од украинските специјални служби со употреба на токсични хемикалии во претпријатие за одбранбена индустрија во регионот Јарослав. Како што е соопштено, приведен е руски државјанин кој имал намера да истури отров во вентилационите канали на автомобилите на планираните жртви, јавуваат медиумите.

„Федералната служба за безбедност на Руската Федерација спречила терористички напад планиран од украинските специјални служби со употреба на токсични хемикалии за труење на работниците во едно од одбранбените индустриски претпријатија во Јарославската област“, ​​се вели во соопштението на ФСБ.

Беше прецизирано дека приведениот руски државјанин зел два канистери со опасни хемикалии кои предизвикуваат изгореници на дишните патишта со можност за смрт, каде тој подоцна планирал да избега во скривалиште опремено од украинските специјалци.

Според руските разузнавачи, „активностите на терористите биле координирани од територијата на Украина преку странски интернет гласници“, соопшти безбедносната агенција, пренесе Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Фирма на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од…

Лиценца за испитен центар се издава за…

Власта бесрамно се фали со донациите на…

Левица ја оценува како крајно дрска и…

Владата најави ново задолжување од 700 милиони…

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска соопшти дека…

Акиов и се извини на службеничката за…

По насилниот инцидент на денешната седница на…

Трагeдија во Охрид: Жена загина кога автомобил…

45-годишна жена од Охрид трагично го загуби…