Фубдалсиот свет во шок: Фудбалерот Дани Алвеш е уапсен во Барселона под обвинение за сексуален напад
Фудбалерот на мексиканскиот клуб УНАМ, бразилскиот репрезентативец Дани Алвеш е уапсен денеска во Барселона откако жена го обвини за сексуален напад, пренесува „Мирор“.
Алвеш беше обвинет од жена дека ја нападнал во ноќен клуб во Барселона на 30 декември минатата година. Таа на 2 јануари поднесе тужба против бразилскиот фудбалер.
Тој ги негираше обвинувањата и рече дека не ја познава жената. Адвокатскиот тим на бразилскиот фудбалер тврди дека Алвеш бил кратко време во тој ноќен клуб и нема никаква врска со овој инцидент.
Шпанските медиуми јавуваат дека полицијата во Барселона го испрашала бразилскиот фудбалер, кој ќе даде исказ пред судијата. Тогаш судијата ќе одлучи дали Алвеш ќе биде пуштен да се брани од слобода или пак бразилскиот фудбалер ќе биде приведен. Полицијата соопшти дека не може да соопшти детали за случајот.
Во текот на својата кариера Алвеш (39) играше за Баија, Севиља, Барселона, Јувентус, Пари Сен Жермен и Сао Паоло. Тој е најтрофејниот играч во историјата на фудбалот. Бразилскиот фудбалер во кариерата освои 43 трофеи. Алвеш неодамна играше со Бразил на Светското првенство во Катар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…
Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…
Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…
МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…
Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…
Просторот околу Собранието прогласен за безбедносна зона…
Собранието на предлог на Владата, усвои нов…