Фудбалерот Стефан Ашковски успешно евакуиран од Иран
Македонскиот фудбалер и репрезентативец Стефан Ашковски е еден од нашите државјани кои беа евакуирани од Иран по почетокот на воените случувања на Блискиот Исток.
Од Министерство за надворешни работи информираа дека Ашковски преку Турција бил успешно извлечен од Иран. Во овој момент нема официјална потврда дали фудбалерот сè уште се наоѓа во Турција или веќе е вратен во Македонија.
Ашковски е член на иранскиот клуб Мес Рафсанјан, за кој потпиша во јануари годинава.
Од МНР дополнително соопштија дека околу 400 македонски државјани побарале помош за евакуација од регионот на Блискиот Исток.
Ашковски има 40 настапи за македонската репрезентација и важи за еден од поискусните интернационалци во националниот тим.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фудбалерот Стефан Ашковски успешно евакуиран од Иран
Македонскиот фудбалер и репрезентативец Стефан Ашковски е…
(Видео) Хегсет вели дека воената кампања против…
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет на…
Медиуми: Веројатно е елиминиран и наследникот на…
Објавите на социјалните мрежи и некои израелски…
БТА: Белгија планира да испрати затвореници во…
Белгиските власти го прошируваат списокот на земји…
ИДФ кажа кои врвни ирански разузнавачки офицери…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавуваат дека неколку…