Фудбалскиот свет во шок: Ненадејно почина угледниот судија Хамел
Француската спортска јавност е шокирана со веста за смртта на познатиот фудбалски судија Јохан Хамел (42 години), кој имал мозочен удар за време на тренинг и набрзо потоа и починал.
Тој не бил меѓу судиите одбрани да ја делат правдата на Мундијалот во Катар, поради што сакал паузата да ја искористи да ја подобри физичката подготвеност.
Вчеравечер за време на тренингот се онесвестил, по што било утврдено дека имал тежок мозочен удар по кој едноставно лекарите не можеле да го спасат. Веста ја потврдија и од француската судиска организација.
Хамел последниот меч како прв судија го имаше на 6 ноември на дуелот помеѓу Лил и Рен во кој покажа пет жолти и еден црвен картон. Изминатиов викенд беше дел од судиската екипа на пресметката помеѓу ПСЖ и Оксер (5-0) на кој беше главен во ВАР-собата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…
Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…
ПДПР со демант и објаснување на денешниот…
Реакција и демант По повод видеото што…
Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…
*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…