“Функционерите” повторно на прошетка? Фатиме Фетаи ги бодреше фудбалерите и во Гибралтар

t

Обвинителката Фатиме Фетаи денеска беше и во Гибралтар, каде Македонија играше со домаќините во Лигата на нации и победи со 2:0 со головите на Барди и Николов.

Овој пат камерата ја прикажа Фетаи сама на трибините.

Околу неа, претходниот пат се крена прашина, кој ги платил уплатниците за Светското првенство против Италија во Палермо. На неа тогаш друштво и правеа министерот за правда Никола Тупанчевски и судијата од Кавадарци, Лазар Нанев.

Вишата обвинителка Фатиме Фетаи тогаш ги покажа уплатниците за платените аранжмани преку туристичката агенција „Гуливер“ за следење на натпреварите на македонската фудбалска репрезентација.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ