Фунтата најсилна во однос на еврото од 2022 година

t

Британската фунта го достигна највисокото ниво во однос на еврото во речиси две години, бидејќи се очекува дека Банката на Англија ќе заостанува зад Европската централна банка во намалувањето на каматните стапки.

Фунтата зајакна за 0,3 отсто на 84,84 пени во однос на еврото, што е највисоко ниво од август 2022 година. Овој последен скок доаѓа откако податоците покажаа забавена инфлација во германските региони во мај во споредба со претходниот месец, што укажува на дополнително разидување во монетарната политика, пишува Блумберг.

Фунтата достигна највисоко ниво во последните 21 месец во однос на еврото, бидејќи расте довербата дека Европската централна банка ќе ги намали каматните стапки пред Банката на Англија.

Потезите доаѓаат откако инвеститорите го одложуваат очекуваниот рок за намалување на каматните стапки во Обединетото Кралство, при што Банката на Англија сега се очекува да го спроведе првото намалување до ноември, пишува Фајненшл тајмс.
Се очекува ЕЦБ да започне со намалување на каматните стапки следниот месец, со две или три намалувања до крајот на годината, објавија неодамна официјалните лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Курсна листа: Еве колку чинат валутите денес

Според курсната листа на НБРМ средниот курс…

Фунтата најсилна во однос на еврото од…

Британската фунта го достигна највисокото ниво во…

Доларот ослабе во однос на еврото

НА ДЕВИЗНИТЕ ПАЗАРИ вредноста на доларот во…

22 години по воведувањето на еврото, во…

Речиси 22 години по воведувањето на еврото,…

ЕУ повторно во должничка криза?

Долговите во земјите-членки на ЕУ се превисоки,…