Објавено на:

Хабиб Нурмагомедов: Никогаш нема да се вратам во ММА!

t

Хабиб Нурмагомедов уште еднаш потврди дека никогаш нема да се врати во ММА.

Поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија ја водеше последната борба на 24 октомври 2020 година на УФЦ 254 во Абу Даби. Неговата борба со Џастин Гејџи беше главна на турнирот. Натпреварот заврши со победа на Нурмагомедов во втората рунда. По објавувањето на резултатот, „Орелот“ објави дека се повлекува од ММА.

Нурмагомедов се пензионираше со скор 29-0 во ММА, како актуелен шампион и најдобар ММА борец во светот, без разлика на тежинската категорија. Хабиб не планира да си го погази зборот и рече дека никогаш нема да се врати на професионалните борби.

„Го почитувам Макс Холовеј, но не знам зошто УФЦ го спротивставува Џастин Гејџи. Мислам дека оваа борба нема смисла. Холовеј треба да се бори со Илија Топурија во септември. Гејџи треба да се бори со Исламот летово.На крајот на годината победниците од Ислам-Гејџи и Оливеира-Царукјан треба да се борат во Абу Даби.Така мислам.Тоа има повеќе смисла.

Со кого ќе се бори Топурија ако Гејџи го победи Холовеј? Мислам дека Мовсар Евлоев заслужува и е најдобрата опција. Но, не знам дали Дана Вајт ќе му даде шанса. Не знам зошто УФЦ ја води борбата меѓу Макс и Гејџи. Мора Гејџи да се бори против Ислам. Махачев е подготвен за сите.

Никој не ме контактирал за да ми понуди борби. УФЦ е во контакт со Али Абделазиз. Му реков да не ми се јавува за борби. Сум кажал еднаш, сум кажал уште многу пати. Донесов одлука да се повлечам во 2020 година и никогаш нема да ја променам“, изјави Хабиб за ММА џанки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривични пријави за тројца од Подградец кои…

Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца…

(Видео) Гори кај Богданци, се слушаат детонации…

На социјалната мрежа Х се појавија видеа…

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…

Таравари постави за директорка докторка која има…

Докторката Севдије Коџа добила решение од министерот за здравство Арбен…

(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…

Иван Стоилковиќ не е важен и не…