Хаварија во Суводол: За влакно избегната трагедија! Од РЕК Битола молчат
До редакцијата на Инфомакс пристигна порака од загрижени граѓани кои предупредуваат дека за влакно ила избегната трагедија во рудникот Суводол во РЕК Битола. Како што велат, поради обилните врнежи се одронила земја која претходно била напукната, навлегла вода и се направило свлечиште од скоро 50 метри.
За среќа нема повредени бидејќи вработените брзо реагирале и во последен момент се извлекле од местото.


Претходно Инфомакс доби информација дека во еден момент сите три блокови од РЕК Битола не работеле поради хаварија, меѓутоа од РЕК Битола не добивме потврда и одговор зошто се случило тоа.


Инаку, во текот на изминатата ноќ речиси цела Македонија со часови беше без електрична енергија, а од МЕПСО соопштија дека се работи за регионален и европски проблем со кој се соочуваат сите системи, што секако не е оправдување бидејќи голем дел од Владата се енергетичари, почнувајќи од претседателот на Владата Мицкоски, а секако првпат имаме и Министерство за енергетика на чело со Сања Божиновска.
Првите пет најголеми должници се државните енергетски претпријатија, како и железниците. Номагас има 88,4 милиони евра долг, Елем над 59, а ЕСМ дистрибуција на топлина 33,8 милиони евра. Ако се собере пак долгот на двете претпријатија на железницата тој изнесува околу 135 милиони евра.
5 НАЈГОЛЕМИ ДОЛЖНИЦИ ВО ПРВ КВАРТАЛ 2025
- НОМАГАС АД СКОПЈЕ 88,4 милиони евра
- АД МЖ ТРАНСПОРТ 74,6 милиони евра
- ЕЛЕМ 59,1 милиони евра
- ЈП МЖ ИНФРАСТРУКТУРА 60 милиони евра
- ЕСМ ДИСТРИБУЦИЈА НА ТОПЛИНА 33,8 милиони евра
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Вака изгледаат 500.000 евра во Битола:…
500.000 евра чинела патеката која се сопнува…
ХОРОР во Битола! Внука се обидела да…
Внука се обидела да ги убие сопствените…
24 години од нападот кај Гајре, во…
Денес се навршуваат 24 години од нападот…
МОН ќе чека да заврши кривичната постапка,…
Од Министерството за образование и наука денеска…
Газди од Битолско измамиле 27 земјоделци, ги…
Сопствениците на компанија од Битолско ќе одговараат…