Објавено на:

Хагари: Војната со Хамас ќе продолжи во текот на 2024 година

t

Војната меѓу Израел и палестинското исламистичко движење „Хамас“ во Појасот Газа ќе продолжи во текот на 2024 година. Ова вчера го соопшти портпаролот на израелската армија Даниел Хагари, цитиран од Франс прес.

Хагари ова го изјави во обраќањето до израелските војници по повод Новата година.

„Израелската армија мора однапред да планира бидејќи ќе имаме повеќе задачи и битки во текот на годината“, истакна портпаролот.

Тој, исто така, го истакна фактот дека ќе бидат потребни десетици илјади израелски резервисти за продолжување на борбите, а некои од нив ќе прават паузи од непријателствата за да се подготват за „долги битки“.

Некои резервисти ќе се обединат со своите семејства и ќе се вратат на своите работни места оваа недела, што ќе им овозможи да ја обноват својата сила во поглед на претстојните активности во 2024 година, увери Хагари, цитиран од БТА.

Портпаролот додаде дека израелската армија планира да ги распореди своите сили во наредните месеци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Евакуирани дел од американските дипломати во Израел

Двајца американски претставници велат дека владин авион…

Иран истрела 400 балистички ракети, но околу…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека…

Израел нема да прекине додека не го…

Израелската операција против Иран „нема да заврши…

Израел со 60 авиони го нападна Иран

Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни…

Израелски тенк пукал во толпа и убил…

Израелски тенкови денеска отвориле оган врз толпата…