Хакерите бараат откуп од 20.000 биткоини да му ги вратат податоците на ФЗОМ
Откуп од 20.000 биткоини бараат хакерите за да му ги вратат сите податоци на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), дознава МКД.мк од свои неофицијални извори од оваа институција.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека таков податок немаат.
Според информациите, оваа институција е хаос за да се средат податоците, а наводно хакерите побарале огромни суми во виртуелна валута за да ги вратат сите податоци.
Од Фондот, пак, уверуваат дека анализата на експертските технички тимови утврдила дека при сајбер нападот нема одлевање на податоци надвор од базите.
Фондот сега вели дека стапил во комуникација со јавните здравствени установи за да ја прибере потребната документација за исплата на плати за здравствените работници.
Но, платите за јануари, според најавите, ќе бидат префрлени следната недела.
Лекарите велат дека ако до понеделник не ја добијат платата, ќе излезат на протест.
Целиот текст на овој линк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хаос во Венецуела: Властите обвинуваат хакери од…
Големи немири избиле во главниот град на…
Лекувањето во странство нѐ чинело пет милиони…
Намалување на бројот на барања за лекување…
МЕПСО е цел на кибер-напади!
Македонскиот електропреносен оператор, МЕПСО АД Скопје се…
Бавно тече откупот на тутунот, потребни се…
Од почетокот на откупната кампања се преземени…
Хакерите ширум светот годинава украле милијарди долари…
Хакерите ширум светот годинава украле милијарди долари…