Хактан со демант за лажната вест за средба со Муса Џафери: Сепак ние ќе победиме!
*Објава на Фејсбук на пратеникот Реџеп Исмаил
Власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ, преку „куртон медиумите“ (како што сами се нарекуваат), забезекнати од нивниот вртоглав пад на добиени гласови, со ширење на ЛАГИ и МАНИПУЛАЦИИ се обидуваат да се извлечат од револтот и гневот на народот, кој грубо го прелажаa по преземањето на власта.
Објавиле слика со мене и Муса Џафери од пушалната во Собрание — и демек ете, сме правеле соработка со ДУИ?!
Прво, во бифето на Собранието се собираме сите пушачи-пратеници и сите седиме каде што ќе најдеме место за да пушиме цигари, оти нема друго место каде да се пуши.
Второ, фотографијата е направена некаде во мај–јуни 2025 година, а доказ за тоа е што истата е објавена од страна на ВЛЕН некаде на почетокот на јуни оваа година за свои потреби (портретирање на Левица како антиалбанска) — и за тоа еве фотографија во прилог.
Трето, Муса Џафери е претседател на Комисијата за надворешна политика, на која и јас сум член, и нашата Декларација за признавање на Државата Палестина е блокирана во истата комисија веќе една година и не може да стигне до пленарна седница затоа што ционистичките пиуни од ВЛЕН, ДУИ и ДПМНЕ (по ова не е ништо поразлична и СДСМ) истата сложно ја саботираат во Комисијата. Јас скоро секогаш, пред закажана седница на Комисијата, го прашувам дали декларацијата ќе биде на дневен ред…
Но добро, кога немате што да понудите, а сите изговори ви се веќе потрошени, разбирливо е да се служите со вакви гнасотилуци.
На крај, сепак — ние ќе победиме!