Халили: Петков е спремен да направи прв чекор, новата идеја на Макрон е никаква
Новата визија на Макрон е никаква. Само тој истакнува амбиција да се претстави пред светот дека е поборник на реформи. Тој во првиот мандат рече дека ЕУ е една куќа каде има недостиг на светилки, алудирајќи на реформите. На крај излезе дека малку е видлива неговата визија, вели претседателот на Амбасадорскиот совет, Мухамед Халили.
Во врска со спорот со Бугарија, Халили оценува во последната изјава на бугарскиот премиер Кирил Петков се крие неговата решеност дека што и да се случи со него, тој е решен да каже ДА доколку се договориле со повисоките играчи на геополитичката сцена.
-Само времено зависи од него. Тој исто како Ципрас, добил еден условен мандат. Mожеби и Петков е спремен да заврши една жртва, да заврши еден проблем и да го симне ветото и да направи историски потег, вели Халили во емисијата „24 анализа“.