“Хамас” денеска погуби петмина Палестинци поради соработка со Израел
Вооруженото исламистичко движење “Хамас” утринава соопшти дека погубило петмина Палестинци, од кои двајца поради „соработка“ со Израел.
„Утринава беше извршена смртна казна врз две лица осудени за соработка со окупаторските сили (Израел) и уште тројца за сторени кривични дела“, се наведува во соопштението на Хамас.
Движењето додава дека осудените „претходно се стекнале со целосно право да се бранат пред локалните судови“.
Движењето Хамас е на власт во Појасот Газа последните десетина години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Израел нема капацитет да го уништи…
Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека „секогаш…
Мнозинството Американци се против војна со Иран
Мнозинството Американци изразуваат незадоволство од начинот на…
Босна и Херцеговина привремено ги затвора амбасадите…
Заедничките институции на БиХ започнаа подготовки за…
Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…
Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…
Нетанјаху: Израел има капацитет да ги уништи…
Израел може да ги погоди сите нуклеарни…