Објавено на:

Хамас држи 222 лица како заложници, расте бројот на загинати во војната!

t

Денеска навршуваат 17 дена од почетокот на воените дејствија во Израел. Престрелките почнаа со нападот од палестинската екстремистичка организација Хамас на југот на земјата во појасот Газа на 7 октомври. Во Израел од почетокот на нападот на Хамас настрадаа повеќе од 1.400 луѓе, а палестинските власти во појасот Газа забележаа 4.600 мртви од израелските воздушни удари. Меѓу загинатите во Газа има 1756 деца.

Палестинското Министерство за здравство водено од Хамас, вели дека 436 луѓе се убиени во Газа од неделата наутро до пред четири часа. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им порача на граѓаните дека народот на Израел води борба за сопствениот живот и дека во војната против Хамас се работи за ситуација во која или ќе се успее, или ќе се умре. Израелската војска наведе дека цели на инфраструктурата на Хамас, вклучително и на тунелите и местата за лансирање на ракети, како и дека дел од силите влегле во појасот Газа во неделата за да го исчистат теренот од терористи и оружје, при што еден израелски војник е убиен. Согласно последните достапни податоци Хамас држи 222 лица како заложници во Газа.

Откако Израел пред две недели прогласи потполна опсада на Газа, во болниците во Газа снемува лекови, вода и струја. Болниците во Газа бележат случаи во кои родителите на телата на своите деца им ги испишуваат имињата, загрижени дека би можеле да загинат и дека нема да има како да се идентификуваат.

Во Тел Авив денеска немаше сирени за воздушна опасност, па може да се каже дека денот протече мирно. Но, постои голем страв од ширење на конфликтот, што би предизвикало уште поголема катастрофа на Блискиот Исток, јавува репортерот на Н1, Бранислав Шовјански од Тел Авив.

Според него, палестинските власти соопштиле дека ноќеска израелската авијација во појасот Газа убила 500 луѓе, од кои 200 се деца. Израел најави дека наредните денови ќе ги интензивира воздушните напади со ракети од израелските авиони. Шовјански наведува дека копнената инвазија и денеска е одложена, а за неа се говори секој ден од 7 октомври.

И покрај тоа што во Газа има хуманитарна катастрофа, се води и војна со информации.

Денеска израелските власти испратија документ до медиумите, со кој сакаат да ги намалат размерите на кризата. На пример, го обвинија Хамас дека ја запленил нафтата и дека не сака да ја достави до болниците. Рекоа дека не е точно оти нема вода за пиење во Палестина освен на северот, но и дека има доволно храна, пренесува новинарот на Н1.

Информациите пак кои доаѓаат од Газа се сосема поинакви.

И денеска, според нивните извори, влегол уште еден конвој хуманитарна помош. Во Палестина постои страв дека таа помош ќе ја земе Хамас. Многумина сметаат дека има опасност да се отвори фронт на северот, а тоа би можело да значи дека навистина може да дојде до конфликт од поголеми размери, изјави Шовјански.

Премиерот на Израел Нетанјаху го предупреди Либан да не се меша, зашто во таков случај ќе ги избрише од лицето на земјата и ќе ги врати во камено време. Либанските власти велат дека не сакаат да се мешаат, ама и дека се навикнати на секојдневни закани од Израел.

Израел веќе бомбардираше два сириски аеродроми во два наврати, зашто од нив може да полетаат авиони кон Израел, ги гледаат како опасност. Постои страв дека Башар Аласад, претседателот на Сирија тоа може да го искористи. Ако се оствари некое од овие сценарија, може да дојде до голем страшен конфликт на Блискиот исток, вели новинарот на Н1 кој се наоѓа во Израел, Бранислав Шовјански.

Американската администрација и претседателот на САД Џо Бајден вршат притисок на Израел да ја одложи копнената операција за да се добие на време и прво да се спасат заложниците меѓу кои има Американци и луѓе од други земји. Исто така САД бара одложување на копнената инвазија и поради тоа што планира да испрати дополнителна воена помош за Израел.

Извор Н1

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бајден: „Поблиску сме од кога било“ до…

Претседателот Џо Бајден вели дека „преговарачите се…

Бајден и европските сојузници го повикаа Иран…

Американскиот претседател Џо Бајден и лидерите на…

ИДФ: Ликвидиpан виcок функционеp на Xамаc

Израелската армија (ИДФ) и разузнавачката служба Шин…

Директна закана од Израел: „Брзо да го…

Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац…

Израел објави, 19 повредени во нападот на…

Најмалку 19 лица, вклучително и шест војници,…