Хамас размислува за распуштање на вооруженото крило и влегување во политиката
Саудискиот весник „Ашарк ал Авсат“, повикувајќи се на неименувани извори, објави дека палестинското милитантно движење Хамас, како во Појасот Газа така и во странство го разгледува предлогот за распуштање на военото крило и трансформација во политичка организација.
Според весникот, Хамас предвидува да стане политичка организација вклучена во јавниот, економскиот и општествениот живот и да се приклучи кон Палестинската ослободителна организација (ПЛО) на Махмуд Абас.
Ако Хамас се приклучи кон ПЛО тоа би придонело до обнова на политичкиот процес во палестинските територии.
Предлогот за трансформација на Хамас е упатен до сите тела на движењето. Неименуваните извори тврдат дека Хамас за разоружувањето веќе разговарал со посредниците од Египет, Катар и Турција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хамас размислува за распуштање на вооруженото крило…
Саудискиот весник „Ашарк ал Авсат“, повикувајќи се…
Загрижуваат долгорочните здравствени последици од пожарот во…
Неколку месеци по трагедијата, лица кои биле…
Дрвокрадци намерно се судриле со службено возило…
Дрвокрадци синоќа во Прилеп намерно се судриле…
Јавниот превоз во Љубљана ќе користи автобуси…
Словенечкиот главен град планира да го направи…
Руте: Конфликтот во Украина може да заврши…
Постои можност конфликтот во Украина да заврши…