Хаос во Германија: Вработен во разузнавачката служба шпионирал во корист на Русија!
Германското федерално јавно обвинителство денеска соопшти дека вработен во Федералната разузнавачка служба на земјата (БНД) е уапсен под обвинение за шпионирање за Русија.
Човекот идентификуван како Карстен Л. бил приведен вчера и е обвинет за предавање информации, вклучително и државни тајни, на руската разузнавачка служба. Полицијата како дел од случајот извршила претрес во неговиот стан и канцеларија, како и кај уште едно лице.
Претседателот на БНД, Бруно Кал, истакна дека агенцијата започнала истрага откако добила индиции за „можно предавство во сопствените редови” и посочи дека случајот е „чувствителен” бидејќи Русија се смета за „опасен противник”
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Русија „на две столчиња„: Имаме стратешко партнерство…
Блискиот Исток тоне во хаосот на војната,…
Околу 150 луѓе од „непријателски земји“ се…
Околу 150 луѓе емигрираат во Руската Федерација…
Русија и Украина повторно разменија заробеници
Нова група руски војници е вратена од…
Русија: САД да не се мешаат во…
Русија ги предупредува САД да не се…