Хаос во Германија: Млечните производи поскапеа за речиси 35%

Годишната стапка на инфлација во Германија во април изнесуваше 7,2 отсто, објави вчера германската федерална статистичка служба Дестатис.
Инфлацијата е најниска во последните седум месеци, а во март изнесувала 7,4 отсто во однос на истиот месец лани.
„Стапката на инфлација во Германија паѓа веќе втор месец, но сепак е многу висока“, изјави претседателката на Дестатис, Рут Бренд, додавајќи дека поскапеле и најскапите прехранбени производи.
Храната во април поскапела за 17,2 отсто во однос на истиот месец лани, што е нешто помалку од мартовската инфлација од 22,3 отсто.
На годишно ниво најмногу во април поскапеле млечните производи – за 34,8 отсто, лебот и житариците за 21,3 отсто, рибата и морските плодови за 19,7 отсто, а медот, шеќерот и џемот поскапеле за 19,6 отсто.
Во април цените на енергијата го забрзаа својот раст за 6,8 отсто во однос на мартовската стапка на инфлација од 3,5 отсто.
Во април германските граѓани мораа да издвојат повеќе пари за природен гас, кој поскапе за 33,8 отсто во споредба со истиот месец лани. Поскапе и огревното дрво и пелетите – за 29,8 отсто, струјата за 15,4 отсто и парното греење за 12,3 отсто.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Костова: Цените на 63 основни производи наместо…
Новогодишните кошнички завршија како фарса. Цените на…
Македонски Бадник со ирански урми, српски сливи,…
Зелените пазари зовреа пред Бадник и Божиќ,…
Чипс, сок, јогурт и кисело млеко чинат…
3-4 производи чинат 810 денари, пишува во…
СДСМ: Власта мачка очи на граѓаните со…
Со најавеното замрзнување на маржите на само…
Од следната година храната ќе се пакува…
Од почетокот на следната година во ЕУ…