ХАОС ВО ГЕРМАНИЈА: Повлечен дрес поради сличност со нацистичкиот симбол
Производителот на спортска опрема Адидас и Германскиот фудбалски сојуз го повлекоа дресот со број 44 од германската репрезентација по критиките дека дизајнот на бројот наликува на нацистички симбол.
Германската компанија Адидас минатиот месец ги претстави новите дресови во кои ќе настапи германската репрезентација на претстојното Европско првенство, а корисниците на социјалните мрежи забележаа дека бројот 44 во новиот дизајн на белиот дрес наликува на симболот „СС“ по кој Шуцштафел бил познат – главната паравоена организација под команда на Адолф Хитлер и Нацистичката партија.
По приговори и жестоки дискусии во јавноста, од денеска веќе не може да се нарача германски дрес со број 44 во онлајн продавницата на Адидас, а во меѓувреме суспендирани се сите испораки на веќе купените дресови со спорниот број.
Исто така, ниту еден германски фудбалер нема да носи 44 на грб.
Адидас се најде на удар, но познатата компанија тврди дека Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ) и неговите партнери се одговорни за дизајнот на имињата и броевите на новите дресови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Татко и син учествувале во нелегални трки,…
Двајца мажи, за кои се верува дека…
Вучиќ го пречека Шолц во палатата „Србија„:…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Палатата…
(ВИДЕО) Бура ги опустоши Германија, Словачка и…
Силно невреме синоќа ги погоди Германија, Чешка…
ИФО: Редовниот воен рок може да ја…
Темата за враќање на обврската за отслужување…
Ужас: Во Германија на секои половина час…
Во Германија на секои половина час дете…