Хаос во Охрид: Бугарин уапсен пред бугарскиот клуб “Цар Борис Трети” – Носел ножеви!

t

Лице од Софија, Република Бугарија со два ножа вчера било приведено во близина на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид.

Лицето кое се движело кон неодамна отворениот бугарски културен центар им било сомнително на полициските службеници, што биле во близина, и при негов претрес ги пронашле ножовите со должина на сечилата од 10 и 15 сантиметри.

СВР Охрид денеска соопшти дека во трговски центар „Амам“ на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид во 11 часот полициски службеници го лишиле од слобода И.Н.И.(22) од Република Бугарија.

При преглед, кај него пронајдени и одземени се два ножа, со што сторил прекршок по член 80 од Законот за оружје, изјави портпаролот Стефан Димоски.

Појасни дека казненото дело е процесирано по брза постапка, бидејќи се работи за странски државјанин, а лицето добило забрана од две години за влез во Република Македонија.

Тој е предаден на Судија на претходна постапка при Основниот суд во Охрид, додаде Димоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес почувствуван во Охрид и околината

Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда, ML2.4.степени е…

Истрага против две лица за тешката сообраќајна…

Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за…

Силно невреме со град го погоди Охрид

Околу 16 часот попладнево, силно невреме со…

Тројца лишени од слобода за разбојништво во…

На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…

Трагедија во Охрид: Извлечено тело од водите…

Безживотно тело попладнево околу 14 часот е…