Хаос во Скопје: Еден ранет и еден тешко повреден во оружен инцидент во Скопје
На 10.9.2022 во 16 часот во СВР Скопје Б.Ј.(38) од Скопје пријавил дека на ул. “Алија Авдовиќ” во близина на црквата имало пукање и повредено лице од огнено оружје.
Полициски службеници веднаш излегле на местото при што било констатирано дека околу 15.45 часот, по претходна сообраќајна незгода на истата локација помеѓу патничко возило „фолксваген туаран”, со скопски регистарски ознаки, управувано од пријавителот и патничко возило „сеат алтеа” со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(20)
од Скопје, настанала вербална расправија и физички напад, по што Б.Ј.(34), кој според пријавеното бил сопственик на возилото „сеат”, извадил пиштол, кој испукал при обид да му биде одземен, при што со повреда во ногата се здобил Б.Ј., брат на пријавителот, кој заедно со С.Ј., роднина на пријавителот, кој се здобил со повреда при физичкиот напад, биле пренесени во Ургентен центар за укажување на медицинска помош.
Известен е Јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Судот одреди парична казна од 10 илјади…
Судот во Струга го прогласи за виновен…
Вредноста на синдикалната минимална кошница за два…
Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во…
Ова не е Израел, ниту Иран, ова…
Општинската организација на СДСМ во Конче реагира…
ОЈО потврди: Уапсено е лицето од Народна…
Уапсен вработениот во Народна Банка за кого…
Тројца лишени од слобода за разбојништво во…
На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…