Хаос и турканици во Велес: Бесплатно се делеа 2.000 табли со јајца, полицијата спречуваше стампедо

t

Околу две илјади табли со јајца беа буквално разграбани за само еден час во Велес за време на хуманитарна акција која предизвика огромен метеж, објави 4news.mk Поради безредието меѓу граѓаните кои чекаа во редици, мораше да интервенира и полицијата за да воведе ред и да спречи евентуални повреди, објави СДК.мк

Донација од дијаспората, граѓаните земаа и по повеќе табли

Хуманитарниот настан е донација од велешани кои живеат и работат во Соединетите Американски Држави, поточно преку компанијата за камионски транспорт „Шилер“. Ова е веќе трета година по ред како компанијата организира бесплатно делење јајца за велигденските празници.

Турканици и полициска интервенција: Огромниот интерес за бесплатните јајца брзо прерасна во хаотична ситуација. Според очевидците, дел од присутните земале и по две-три табли одеднаш, правдајќи се пред останатите дека ги земаат за болни роднини или соседи кои не биле во можност да дојдат.

Вредноста на донацијата: Секој граѓанин добиваше табла со јајца чија пазарна вредност во моментов достигнува 300 денари (со оглед на поскапувањето од пред десетина дена кога чинеа 200 денари). Заедно со јајцата, волонтерите делеа и по една ќесичка црвена боја за вапцување.

Хуманост и забава за најмладите

Организаторите истакнаа дека, покрај масовното делење на плоштадот, дел од јајцата претходно биле наменски дистрибуирани до оние на кои им се најпотребни.

„Целта ни е граѓаните да можат да ги почувствуваат радостите на Велигден. Дел од донацијата претходно ја поделивме на социјално загрозени семејства“, соопштија од компанијата „Шилер“.

Додека траеше метежот околу јајцата, за најмладите посетители беше организирана и забавна програма со кловн и цртање на велигденски мотиви.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хаос и турканици во Велес: Бесплатно се…

Околу две илјади табли со јајца беа…

МИГРАНТ СЕ ОБИДЕЛ ДА ГИ ДИГНЕ ВО…

Директорот на Српската воена безбедносна агенција (ВБА)…

Трамп пак се пишмани : „Вторник, 20:00…

Американскиот претседател Доналд Трамп дополнително го појасни…

Вреди тврди дека Ахмети купил зграда од…

Јавноста доби информација преку истражувањето на БИРН…

По острите закани кон Иран, Трамп сега…

По острите закани што ги упати вчера…