Хаос на Клинички: Вработените без плата, пациентите без чисти чаршафи
Во време кога се очекува назначување на нов министер за здравство, проблемите во здравствениот систем продолжуваат да се зголемуваат. На Клиниката за онкологија ситуацијата останува напната поради големата гужва и недостигот од персонал.
Но, најголем шок предизвика веста дека во клиничкиот центар „Мајка Тереза“ од денеска нема да има чисти чаршафи за болничките кревети. Причина е бојкотот на вработените во пералната служба, кои не добиле плата од декември.
„Од декември не сме земале плата и чекаме секој ден. Денеска протестираат и не примаат чаршафи, освен зелените за операции, бидејќи тие се неопходни“, велат вработени од пералната за Канал 5.
Од јануари 2024 година пералната ја управува приватната фирма „СкопСтер“, но проблемите со исплатата на платите доведоа до прекин на работата, што сериозно го влошува функционирањето на болницата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Струмичките полуматуранти направиле хаос – Костадинов: Плоштадот…
Полуматурантите во Струмица направиле хаос на струмичкиот…
Општина Аеродром плаќа 162 ИЛЈАДИ ЕВРА за…
Парковите низ Општина Аеродром се во хаос,…
Претепано дете во скопски Центар, претходно два…
„Вчера во 15.00 часот во СВР Скопје,…
Хаос на Клинички: Вработените без плата, пациентите…
Во време кога се очекува назначување на…
Скопјанец пронајден починат во домот во Центар
Вчера попладне, 66-годишен жител на Скопје бил…