Хаос на натпреварот Романија-Косово: Романците скандираа “Косово е Србија” па фрлија факели на теренот
За време на фудбалскиот натпревар помеѓу репрезентациите на Косово и Романија во Приштина, Србија доби голема поддршка од гостинските навивачи. Романците скандираа „Косово е Србија“ на стадионот Фадиљ Вокри, а потоа беа исфрлени од него.
Причина за исфрлањето на навивачите на романската репрезентација беше споменатата парола, но и тоа што тие запалија факели и ги фрлија на теренот за време на квалификацискиот натпревар за Европското првенство што ќе се игра во Германија во 2024 година.
Романија доби 600 билети за овој натпревар, но во Приштина имаше околу 100 навивачи.
Гласни беа и домаќините кои пред почетокот на натпреварот ја исвиркаа романската химна и на тој начин покажаа непочитување.
„Непријателско добредојде“. Во моментот на интонирање на националната химна на Романија, над 10.000 гледачи патетично ја исвиркаа нашата химна“, пишува репортерот на романскиот портал Gsp.ro.
Романските медиуми пишуваат дека романските навивачи биле пуштени да влезат на стадионот само во второто полувреме, а поради скандирањето „Косово е Србија“ Романија може да биде казнета дури и со играње пред празни трибини на следниот натпревар или натпревари, бидејќи ова не е првпат нејзините фанови да го изразат овој став.
Наводно, ФИФА би можела да реагира и да ја казни Романија. Можеби веќе за дуелот против Израел на 9 септември.
Инаку, натпреварот заврши 0:0, а Амир Рахмани истакна дека лошиот терен влијаел на играта на неговиот тим на стадионот Фадиљ Вокри.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД се налутија: Косово ги загрозува можностите…
Соединетите Американски Држави оценија дека со континуираните…
Добар пример кој го воодушеви регионот: Момче…
Косовските медиуми го фалат гестот на 12-годишник…
ЕУЛЕКС: Подготвени сме да реагираме во случај…
Мисијата на Европската унија за владеење на…
Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…
Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…
Заедничка акција на македонското и косовското Обвинителство:…
Поради регистрирани неколку случаи на пуштање во…