Харадинај: Албанците во САД се најдобар пример за патриотизам и приврзаност со нацијата
Претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, вели дека Албанците кои со години живеат и работат во Америка се најдобар пример за патриотизам и посветеност на нацијата.
Харадинај на Фејсбук изјави дека овие Албанци го преминале Атлантикот, но никогаш не ја прекинале врската со Косово.
„Тие продолжуваат да играат важна улога и денес на патот кон интеграцијата на Косово. Имав задоволство да се сретнам со претседателот на Паналбанската федерација „Ватра“ Иљми Бериша и разговаравме за општите политички случувања во Косово и во регионот. Во исто време, ја повторив потребата да продолжат да го поддржуваат Косово, како за неговиот економски развој, како и за важните теми кои не очекуваат во иднина, особено во процесот за членство во НАТО, како итна потреба што гарантира повеќе безбедноста и мирот во регионот“, рече Харадинај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мнозинството Американци се против војна со Иран
Мнозинството Американци изразуваат незадоволство од начинот на…
Трамп две недели ќе одлучува дали ќе…
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе одлучи дали…
Израел очекува одлука на САД за приклучување…
Израел сè уште очекува дека американскиот претседател…
Русија: САД да не се мешаат во…
Русија ги предупредува САД да не се…
Евакуирани дел од американските дипломати во Израел
Двајца американски претставници велат дека владин авион…