Харадинај: Курти веднаш да си поднесе оставка!
Рамуш Харадинај – лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово побара оставка од премиерот Албин Курти, по средбата во четвртокот во Брисел, со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, која заврши без резултат.
Тој вели дека доколку актуелниот премиер не преземе одговорност, тогаш е должност на опозицијата да дејствува итно за да ја однесе земјата на избори.
Харадинај на ФБ напиша дека е време да се праша народот како да се излезе од оваа ситуација која, според него, е опасна и „со сериозни последици за народот на Косово“.
„Ситуацијата создадена по вчерашниот неуспех во Брисел, со тенденција за продлабочување на кризата, со сериозни последици за народот на Косово, бара итно рефлектирање од Курти и неговата влада. Тој мора да поднесе оставка и да му го врати мандатот на народот. Тоа мора да го направи дури и ако мисли дека е на вистинскиот пат. Тој е должен да го праша народот што мисли за неговите постапки. Во демократија изборите се најдобриот одговор“ – напиша Харадинај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…
Косово ќе прифати до 50 мигранти од…
Косовската влада денес одлучи да прифати до…
КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција ја спроведуваат…
Припадници на КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција…