Објавено на:

Харадинај: Курти е виновник за изолацијата на Косово и последиците што ги предизвикува

t

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, за „Еуроњуз Албанија“ изјави дека премиерот Албин Курти е одговорен за одлуката на САД да ја прекинат стратешката соработка со Косово, предупредувајќи при тоа на сегашните и идните ризици за земјата.

-Виновник за изолацијата на Косово и последиците што ги предизвикува е Курти, кој ја извршува својата должност нелегално. Проблемите со ситуацијата во Косово не треба да се негираат или занемаруваат, но не треба да се губи вербата во движењето напред. Ризиците се бројни и доаѓаат како резултат на политичкото однесување на Курти, рече Харадинај.

Според него САД донел безбедност насекаде во Косово, но, „се чини јасно дека ситуациите низ кои ќе поминеме ќе бидат искористени од нашите противници, како Србија“, предупредувајќи при тоа дека Србија се надева на „зелено светло“ или на слепило од сојузниците на Косово, што би можело да им овозможи да дејствуваат против земјата.

-Мораме внимателно да работиме за безбедносните институции на САД и нашите сојузници да го разберат лукавството на Србија, за која е познато дека е застапник на Русија. Заинтерсиран сум Србија еден ден да биде во НАТО, бидејќи гаранциите би биле поголеми за нас, додаде Харадинај, повторно директно обвнувајќи го премиерот Албин Курти за изолацијата на Косово и последиците што таа ги предизвикува за земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Харадинај: Курти е виновник за изолацијата на…

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово,…

Филипче: Апстиненција е награда за ДПМНЕ, повикувам…

„Локалните избори се момент на важна одлука…

По 32 часа борба со смртта: Лекарите…

Двајца хирурзи одмораат на подот од операциона…

Рој дронови ги парализираат аеродромите во Европа:…

еспилотни летала над Европа, затворени аеродроми, блокирање…

Ацевски: Две нови катни гаражи околу пазарот…

Кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров од…