Харадинај: Курти е решен да го уништи Косово
Поранешниот премиер на Косово, Рамуш Харадинај изјави дека по одлуката на Владата на Косово да ги врати платите на судиите и обвинителите на нивото пред покачувањето, продолжува мисијата на Курти да го уништи Косово.
Харадинај на Фејсбук го повика Курти да ги остави платите на судиите и обвинителите на нивото на кое биле, бидејќи во спротивно ќе биде уништен еден од најважните сегменти, судството.
„Аљбин Курти ја презеде мисијата да го уништи Косово. Откако предизвика опасност на север, прекин на дијалогот и раздор со Американците, денеска одлучи да го уништи судскиот систем. Обвинителите и судиите кои секојдневно ја штитат државата и правдата основа денес се под напад на деструкција на премиерот“, рече Харадинај.
Тој го повика Курти да престане бидејќи во спротивно последиците ќе бидат несогледливи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен е 28-годишник од Косово, се обидел…
МВР информира дека синоќа во 21.10 часот…
По 100 евра за косовските пензионери и…
Косовската влада додели по 100 евра како…
ФБИ ќе го истражува терористичкиот напад на…
Американскиот амбасадор во Косово Џефри Ховениер изјави…
Турска компанија ќе гради фабрика за дронови…
Властите во Приштина веќе избрале кој ќе…
КФОР спроведе вежба за спроведување на одбранбениот…
Баталјонот на Западната регионална команда на мисијата…