Харадинај: САД да ги заклучат Вучиќ и Курти на едно место додека не се договорат!
Претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај изјави дека единствен начин да се постигне конечен договор е Соединетите Американски Држави да ги заклучат Албин Курти и Александар Вучиќ на едно место додека не постигнат договор, пренесува Теве1.
„Би апелирал до Америка, во случај да не знаеме како да излеземе, не дозволувајте повеќе да одиме во отпад. Извадете не’, не не’ оставајте сами, не дозволувајте да ги трпиме последиците од ова. Нивниот начин би бил да ги повикаат раководствата на Косово и Србија, да ги затворат некаде додека меѓусебно не се договорат. Ние сме во погрешна насока, Курти е во погрешна насока“, рече Харадинај.
Харадинај смета дека Курти е свесен за последиците од одвојувањето од САД во последната фаза од дијалогот.
„Го прашав Курти за кого работи. Тоа е затоа што не верувам дека Курти како премиер не ги знае последиците од одвојувањето на Косово од Америка во оваа последна фаза од процесот“, нагласи Харадинај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Таксист влетал во ученици на блокадата во…
За време на денешната акција „Застани, Србија“…
Уапсен е 28-годишник од Косово, се обидел…
МВР информира дека синоќа во 21.10 часот…
Блокади ширум Србија и денеска – Студентите…
Студентите ширум Србија денеска во 11:52 часот…
По 100 евра за косовските пензионери и…
Косовската влада додели по 100 евра како…
Вучиќ за опозицијата: „Магариња и политички педофили“
Српскиот претседател Александар Вучиќ упати нови навредливи…