Хајдаи: Непријателот постигна делумен успех благодарение на тешкиот артилериски оган и пешадискиот напад
Руските сили продолжија да го напаѓаат подрачјето околу Северодонецк во источна Украина со тешка артилерија и ракети, соопшти утрово украинската армија.
Главниот штаб на украинската армија призна дека нивните сили настрадале во населбата Метолкине, југоисточно од Северодонецк, клучен град во областа Луганск, кој Русите со недели се обидуваат да го освојат.
„Непријателот постигна делумен успех благодарение на тешкиот артилериски оган и пешадискиот напад“, соопшти синоќа украинската армија.
Серхи Хајдаи, украинскиот гувернер на областа Луганск, на својот „Телеграм канал“ објави за „тешките борби“ во Метолкина.
Повикувајќи се на проруските сепаратисти, руската прорежимска новинска агенција Тас објави дека „многу украински борци се предале во Метолкина“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Драма на небото над Бугарија: Авион на…
Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт…
Тие не заслужиле да се изнајми приватен…
Христијан Мицкоски, денеска рече дека владиниот авион…
(Видео) Левица Битола: Шминкерски и неупотребливи проекти…
*Објава на Левица Битола КАТАСТРОФАЛНИ ВЕЛО -…
Франција го блокира пристапот до израелските штандови…
Франција го блокираше пристапот до штандовите на…
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…