Објавено на:

Хајзири кој уби српски полицаец во Лозница пукал со пиштол со амблем на УЧК

t

Албанецот Фатон Хајризи пукал во српската полиција со пиштол со ознаки на терористичката УЧК.

Хајризи бил опколен во напуштената фабрика за вискоза во Лозница, а откако припадниците на српската полиција побарале од него да се предаде, тој пукал во нив и започнал престрелка.

Припадниците на полицијата возвратиле и го убиле Хајризи, кој користел оружје означено со УЧК.

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ пред новинарите на местото каде што беше убиен Хајризи изјави дека Албанецот кој пред два дена го уби полицаецот Никола Крсмановиќ и го рани Вјекослав Илиќ денеска испукал вкупно девет куршуми кон српската полиција, по што бил убиен.

Полицијата го фатила и го ликвидирала, изјави Дачиќ, наведувајќи дека напаѓачот е суров криминалец за кого ова е петто или шесто убиство и дека нема намера да се предаде.

Дачиќ најави дека МВР ќе продолжи да работи на овој случај и да ги апси сите лица кои имаат некаква врска со убиството на полицаецот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таравари горд што успеале да го ослободат…

Министерот за здравство Арбен Таравари го поздрави…

Хајзири кој уби српски полицаец во Лозница…

Албанецот Фатон Хајризи пукал во српската полиција…

Се огласи Албанецот осомничен за убиството на…

Артан Хајризи негираше дека е вмешан во…

Детали за пукањето во Лозница: Пронајден косовски…

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави…

При престрелка во Лозница убиен еден полицаец,…

Во Лозница е убиен полицаецот Никола Крсмановиќ…